Реновирано живеалиштето за кенгурите во Скопје ЗOO


Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед.

Благодарение на донацијата од општествено одговорната компанија „Подравка“, кенгурите добија нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и пропратни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца. Белите кенгурчиња од Скопје Зоо беа вирална вест во сите светски медиуми, а покрај Пикси и Арчибалд, фамилијата има трет бел член- малото кенгурче Квики.