Реновиран еден кат од старата градска болница, Филипче не се откажува од нова во Аеродром


Целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница.

Поставен е нов под, прозорци, кревети, душеци, инсталација на лифт, а обновена е и старата фасада.

Благодарност до директорот Арсенков и целиот стручен колегиум за ангажманот за подобар третман на пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Оваа установа, од почетокот на пандемијата со ковид третира пациенти кои не се заболени од ковид, а имаат потреба од хируршка услуга.

Во изминатиот период, 65 илјади пациенти здравствена услуга, а изведени се 1200 операции. Интензивно работиме и на проектот за нова градска болница, којашто би требало да биде лоцирана во населбата Аеродром – напиша министерот за здравство Венко Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2501956436778041

Инаку, градска болница во скопски Аеродром е најавена од пред неколку години. Првично, зградата требаше да се гради во близина на „Мајчин дом“, за што исто, министерот Филипче покажа планови, но до денеска изградба на болницата не почна. Во меѓувреме во близна на планираниот простор никна нов станбен комплекс, за кој граѓаните организираа протести против неговото градење, но надлежните рекоа дека не можат да го сменат планот, а објектот ги имаше добиено сите дозволи.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/1938082796498744