„Рено“ планира да затвори неколку фабрики во Франција


Францускиот производител на автомобили „Рено“, размислува да затвори неколку фабрики во Франција, како фабриката во Флин, која го склопува електричниот градски автомобил „Зое“ и „Нисан Микра“, како дел од огромниот економски план, што ќе биде објавен следната недела, јави дописникот на МИА.

Според пишувањето на денешното издание на „Ле Канард Аншене“, а преземно од сите француѕски медиуми, овие информации се потврдени од неименуван добро информиран извор, во Франција ќе бидат затворени четири фабрики: Шоази-ле-Роа, Диеп и леарницата во Бретања. Што се однесува до фабријката во Флин  – тоа ќе дојде подоцна “, тврди неделникот.

Како и да е, фабриката во Флин „не може да затвори, туку ќе престане да произведува возила за неколку години“, според весникот „Лес Екхос“, кој пишува дека оваа фабрика би можела да биде ограничена на други активности, како што се оние на Шоази-ле-Роа, каде се реновираат мотори, менувачи и пумпи за вбризгување.

Дирекцијата на Рено и синдикатите на вработените, Министерството за економија, засега немаат коментари.

Француската влада, најголемиот акционер на Рено со 15 отсто од капиталот, планира да гарантира банкарски заем од околу пет милијарди евра за производителот. Но, оваа помош не значеше откажување од намалување на работните места.

Според повеќе француски медиуми, групата Рено на 29 мај ќе ги открие рамките на огромниот план за заштеда од две милијарди евра објавен во февруари. Во февруари, раководството ја спомна можноста за затворање на фабрики во Франција и во странство при презентирањето на годишните резултати.

Фабриката Флин-сур-Сен која го произведува градскиот автомобили Зое (на електричени погон) и Нисан Микра, прозведе 160.000 возила во 2019 година и во моментов има 2.600 вработени. До минатата година, тука се произведуваше и старата верзија на Рено Клио, која сега е целосно делокализирана во Турција.

Фабриката „Шоази-ле-Роа“вработува 263 лица за поправка на мотори и менувачи што се користат како делови за повторна употреба.

Фабриката во Диеп има 386 вработени и го изработува спортскиот модел Алпин A110, спортско купе со високи амбиции, но кое многу малку се продава. Од почетокот на годината производство се намали на 7 возила на ден.

Леарницата на Бретања во Кодан, произведува делови од леано железо за мотори, шасии и менувачи, таа е со 385 вработени.