„Рено“ најави целосно пренасочување кон продажба на електромобили за Европа


„Рено“ најави можно целосно пренасочување кон продажба на електрични автомобили, во Европа, до 2030 година. Но, има и „план Б“ доколку тоа не успее поради неразвиената инфраструктура за полнење, или скапата струја, според извршниот директор на француската авто-компанија, Лука де Мео.

Имено, тој изјави и дека во случај на проблеми што би ја спречиле целосната електрификација на возилата, оттаму сепак ќе продолжат да испорачуваат автомобили со внатрешно согорување.

Претходно, предвидениот удел на електромобилите во продажбата на „Рено“ во 2030 година се очекуваше да биде 90 отсто.

Постепено ќе се електрифицира и марката „Дачија“ – членка на „Рено груп“, но „во последен можен миг“, што веројатно значи – по 2030 година, најавуваат од „Рено“. Од овој бренд наскоро се очекува да ги претстави електричните модели „Меган“ и „Кангу“, а во подготовка е и малиот „Рено 5“ електричен автомобил во ретростил.

Европската Унија сака до 2035 година да престане да продава нови автомобили со мотори со внатрешно согорување.