Ремонт ќе претрпи жичарницата до Водно кога ќе помине пандемијата
Жичарницата во Скопје, која води до Водно, не работи од почетокот на пандемијата лани и почетокот на воведување најразлични мерки со цел сузбивање на ширењето на корона вирусот.
И летово таа е нефункционална, иако повеќето мерки се релаксирани. Градоначалникто на Скопје, Петре Шиелгов, во вестите на „Сител“ рече дека жичарницата не може да пиде пуштена во употреба, затоа што пандемијата се уште не е завршена.
– Треба да ставите, да превезете осум луѓе во два метра кубни простор, во едно возење кое трае дваесетина минути – рече Шилегов, кој смета дека тоа не е се уште дозволиво, затоа што се работи за затворен простор.
Од друга страна, Шилегов вели дека откако е изградена жичарницата не неа не е направен генерален ремонт, кој секако ќе биде потребен за таа повторно да се пушти во употреба, тогаш кога пандемијата ќе ја нема.
– Не сакам да се слули она што се случи во Италија, кога падна гондола и имаше и жртви – рече Шилегов.