Ременски утре ќе дава исказ за „Рекет“

Фото: Б. Грданоски

 

Потпретседателкaта на Собранието и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, објавуваат македонските информативни портали.

Нејзиното име, неофицијално, се спомнуваше во дел од медиумите и во обвинувањата на опозицијата како блиска со осомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и како почесна претседателка на неговиот Меѓународен сојуз.

Ременски, која до пред извесно време беше потпретседателка на СДСМ, пред околу еден месец на Фејсбук објави дека „нема ништо против ОЈО да испита каква е нејзината почесна функција во нeвладината организација на Бојан Јовановски и дека е на располагање да објасни сѐ што ги интересира или за сѐ што имаат дилема“.