Рекордни 5.032 нови случаи на корона вирус на Филипините

На Филипините се регистрирана 5.032 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени лица во земјата, со што вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 се искачи на 103.185.

Министерството за здравство исто така објави дека бројот на жртвите од Ковид-19 се зголемил за 20, на 2.059.

Портпаролот на претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, изјави дека Дутерте денеска треба да се сретне со клучни членови на Владата за да го разгледаат повикот на здравствените работници од „првата борбена линија“ за борба против пандемијата со повторно воведување построги мерки за карантин во главниот град Манила.