Рекордни 317 новозаболени во Македонија, починати четворица

Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на Ковид-19 во:
-Скопје 182
-Куманово 12
-Дебар 3
-Штип 13
-Прилеп 5
-Тетово 8
-Велес 7
-Битола 6
-Охрид 1
-Кавадарци 4
-Гостивар 11
-Гевгелија 12
-Струмица 12
-Крива Паланка 3
-Радовиш 5
-Кочани 18
-Валандово 3
-Делчево 2
-Свети Николе 4
-Кичево 4
-Ресен 1
-Неготино 1
Починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:
-Скопје 24
-Куманово 12
-Штип 3
-Прилеп 14
-Тетово 8
-Струга 3
-Велес 3
-Битола 5
-Кавадарци 2
-Гостивар 7
-Гевгелија 1
-Струмица 4
-Радовиш 4
-Кочани 6
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 1
-Пехчево 1
-Берово 2
-Виница 1
-Кичево 1
Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.892.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.724, активни 1.166

• Куманово 1.823, активни 166

• Дебар 290, активни 35

• Штип 1.307, активни 79

• Прилеп 742, активни 138

• Тетово 1.517, активни 168

• Струга 693, активни 42

• Велес 348, активни 36

• Битола 344, активни 78

• Охрид 443, активни 36

• Кавадарци 256, активни 41

• Гостивар 959, активни 68

• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 328, активни 185

• Крива Паланка 130, активни 38

• Радовиш 107, активни 35

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 450, активни 183

• Пробиштип 119, активни 17

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 2

• Пехчево 46, активни 3

• Берово 129, активни 47

• Валандово 54, активни 39

• Виница 126, активни 36

• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 380, активни 57

• Кичево 340, активни 29

• Ресен 167, активни 9

• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.990 теста се преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-98, Авицена-457, Биотек-249, МАНУ -124, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –43, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-18, Синлаб-118. Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти од кои на кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се шест деца и шест мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти. Вкупно хоспитализирани се 37 пациенти од кои на респиратор се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.