Рекордни 3.573 нови случаи во Хрватска, 47 починати


 

Во последните 24 часа забележани се рекордни 3.573 нови случаи на зараза со корона вирусот или активни во моментот се 19.079. Тоа е највисокиот дневен број на заразени од почетокот на пандемијата во оваа земја.

Меѓу нив 1.981 пациент се на болничко лекување, од кои 213 пациенти на респиратор.

Во исто време починаа 47 лица.

Од почетокот на пандемијата до денеска во Хрватска се забележани 100.410 заразени со новиот корона вирус, од кои 1.304 починаа, а вкупно оздравеа 80.027 луѓе.

До денеска тестирани се 667.749 лица, а 9.877 во последните 24 часа.