Рекордни 257 новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Рекорден број новозаразени се регистрирани во последното деноноќие во Албанија, кога се направени и најголем број тестови досега во еден ден.

Од 1.398 тестирани сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 257 или околу 19 отсто од тестираните.

– Од крајот на минатиот и овој месец бројот на новодијагностицирани случаи секојдневно се зголемува и во просек дневно се регистраат од 140 до 150 новозаразени. Вчера првпат бројот на новозаразени беше над 200, односно беа регистрирани 203 новозаразени од тестирани 1.351 случај, информираше Министерството за здравтсво и социјална заштита.

Според Министертвото, во изминатите 24 часа починале пет лица во болнички услови, додека оздравеле 102 лица.

– Досега направени се 103.402 тестови, позитивни биле 16.212, оздравеле 9.864, а починале 439 лица. Загрижува постојаниот раст на оние на кои им е неопходо болничко лекување. Моментно во двете ковид болници се хоспитализирани 249 од вкупно активните 5.909 болни, соопшти Министерството.

Се поголем е бројот на заразени наставници и ученици кои се во карантин. Министерството за образование информираше дека од Ковид-19 починал директор на училиште во Паскуќан, кој бил на повеќедневно лекување во Турција.