Рекордни 243 случаи на Ковид-19, оздравени 100 и починати четири лица


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1.831 тестирање, а регистрирани се 243 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 100 лица, а починати се четири пациенти, информира денеска Министерството за здравство. Вкупната бројка на активни случаи во земјата изнесува 2 585.

По градови регистирирани се:

– Скопје 98
– Куманово 11
– Штип 7
– Прилеп 12
– Тетово 2
– Струга 9
– Велес 3
– Битола 5
– Охрид 5
– Кавадарци 4
– Гостивар 5
– Гевгелија 5
– Струмица 21
– Крива Паланка 2
– Радовиш 9
– Кочани 11
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Берово 9
– Валандово 4
– Виница 2
– Делчево 2
– Свети Николе 12
– Кичево 1
– Неготино 2
Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од:
– Скопје 39
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 3
– Тетово 3
– Струга 4
– Велес 7
– Битола 3
– Охрид 3
– Кавадарци 2
– Гостивар 6
– Гевгелија 2
– Струмица 10
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Македонски Брод 1
– Берово 1
– Делчево 1
– Кичево 2
– Ресен 5
Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.585.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати се 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.585. Денеска се евидентираат четири контролни теста.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Во Скопје заразени 7.291 и 891 активен случај, во Куманово – 1.795, активни -186, Дебар – 287 и активни 32, во Штип – 1275 и активни 60, во Прилеп 709 и активни 134, во Тетово 1472 и активни 149, во Струга 685 и активни 50, во Велес 337 и активни 31, во Битола 328 и активни 73, во Охрид 437 и активни 37, во Кавадарци 251 и активни 49, во Гостивар 943 и активни 82, во Гевгелија 135 и активни 45 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 18 на Богданци и 12 се странски државјани), во Струмица 293 и активни 178, во Крива Паланка 122 и активни 36, во Радовиш 99 и активни 35, во Крушево 20 и еден активен, во Кочани 403 и активни 183, во Пробиштип 117 и активни 20, во Демир Хисар 62 и активни 2, во Македонски Брод 93 и активни 6, во Пехчево 45 и активни 4, во Берово 122 и активни 46, во Валандово 44 и активни 31, во Виница 119 и активни 30, во Делчево 167 и активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), во Кратово 26 и активни 2, во Свети Николе 371 и активни 58, во Кичево 333 и активни 3, во Ресен 164 и активни 6, во Неготино 57 и активни 10 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 1 831 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-336,  Биотек-252, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-10, ГАК-17, Синлаб-22, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се три пациенти.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3538868242837006

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска има во Аеродром – 144, потоа Центар – 142, Карпош – 129, Кисела Вода – 104 и Гази Баба – 102. Потоа следат Чаир – 65, Ѓорче Петров – 64, Илинден – 35, Бутел – 32, Шуто Оризари – 18, Сарај – 15, Студеничани – 7, Арачиново, Петровец и Чучер Сандево по 6, Зелениково – 3,  Сопиште – 2 и 11 странци.