Рекордна шеста Златна топка за Лионел Меси


Франција- По рекорден шести пат, Лионел Меси ја освои „Златната топка“  на Франс фудбал за најдобар светски фудбалер на годината. Аргентинецот го наследи на врвот Лука Модриќ, кој лани ја освои наградата.

Капитенот на Аргентина и Барселона заврши пред дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, како и Кристијано Роналдо и Садио Мане.

Откако Ван Дијк ја доби наградата на УЕФА за најдобар фудбалер во Европа, а Меси ја доби наградата на ФИФА, се чекаше конечниот расплет во Париз.

Роналдо не присуствуваше на церемонијата во Париз, откако избра да остане во Италија за доделувањето на Калчо наградите.