Рекорден пораст на новозаразени во Украина

 

Во Украина во последните 24 часа регистрирани се 1.847 случаи со корона вирус, што е рекорден број заболени во еден ден.

Во Украина рекордниот број новозаразени е пријавен по ублажување на мерките, наведува Ројтерс.

Претходниот ден имаше 1.732 новозаболени.

Вкупно во земјата има речиси 90.000 заразени луе, а починаа 2.044.

Бројот на заразени порасна од јуни кога властите ги ублажија некои од превентивните мерки, дозволија работа на кафулињата и го пуштија јавниот сообраќај.