Рекорден број заразени во Франција – дури 32.427
Во Франција вчера се регистрирани рекордни 32.427 новозаразени со коронавирусот, соопшти француското Министерство за здравство.
Од последниот пресек починале уште 90 лица.
Од почетокот на пандемијата во Франција се заразиле вкупно 867.197 лица, а 33.392 починале.