Рекорден број заразени и во Бугарија

Во Бугарија, во изминатите 24 часа, регистрирани се 819 случаи со корона вирус, од тестирани 5.898 граѓани.
Ова е прв пат бројот да надмине 800 во Бугарија.
Вкупниот број заразени се искачи на 26.593, покажуваат податоците објавени денеска на страницата coronavirus.bg.
Активни се 9.175 случаи на инфекција, а стапката на позитивност е 13,88, наведува агенцијата БТА.
Во болница се 1.380 пациенти со Ковид-19, а 67 на интензивна нега.
Пријавени се шест смртни случаи, а од почетокот на пандемијата умреа 929 пациенти.