Рекорден број заболени во еден ден – 212.326


 

СЗО денеска објави дека во послендите 24 часа регистрирани се 212.326 нови случаи со корона вирус, што е рекорден пораст на бројот новозаболени во еден ден.

Најголем скок на заразени има во САД, Брази и во индија, пренесе Ројтерс.

Претходниот рекорд беше забелеќан на 28 јуни и изнесуваше 189.077.

Дневно од Ковид-19 умираат по 5.000 луѓе.

од почетокот на епидемијата ширум светот заразени се повеќе од 11 милиони луѓе, а починаа повеќе од половина милион.