Рекорден број починати во Хрватска во еден ден, дури 78


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 4.135 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува 25.270.

Меѓу нив 2.792 пациенти се на болничко лекување, од нив 295 на респиратор.

Починаа 78 пациенти, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Досега во Хрватска се забележани 172.523 позитивни на Ковид-19, од кои 2.562 починаа, а оздравеа 144.691 лица.

До денеска тестирани се 872.515 лица, од кои 11.114 во последното деноноќие.