Рекорден број починати од корона вирус во Словенија – 66


 

Во Словенија, во изминатото деноноќие, потврдени се 1.627 нови случаи со корона вирус.

Во истиот период починаа 66 пациенти, што е највисок број за еден ден

Тестирани се 6.158 примероци.

Во болница се лекуваат 1.304 пациенти, а на интензивна нега се 193.