Рекорден број починати од корона вирус во САД за еден ден

Соединетите Американски Држави потврдија повеќе од 3.000 жртви на Ковид-19, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, додека земјата се подготвува да започне вакцинација за неколку дена.
 
Бројот на починати од Ковид-19 достигна 3.253 во средата, со што вкупниот број  жртви од почетокот на пандемијата во САД достигна 289.740. Хоспитализирани се рекордни 106.219 пациенти.
 

Вакцинацијата на здравствените работници и постарите лица во домовите може да започне веќе во недела, иако се поверојатно е на почетокот на следната недела, објавија властите на администрацијата на Трамп.

Американскиот воен генерал Густав Перн, шеф на операцијата за вакцинацијата, рече дека сите нарачани дози на вакцината се во фармацевтските компании.

– Но, направивме голем број проби и поминавме низ циклуси на планирање (…) и затоа сум убеден дека штом пристигне итно одобрување за употреба, ќе можеме да спакуваме (вакцини) и да започнеме со дистрибуција во рок од 24 часа, рече Перна.

Група независни здравствени експерти треба да одлучат во четврток дали ќе им ја препорачаат вакцината на „Фајзер“ и германскиот партнер „БиоНТек“ за одобрување од страна на Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА).

– ФДА може да ја одобри вакцината не порано од петок или сабота, така што вакцинацијата во САД ќе започне во недела или понеделник, изјави за Фокс њуз, Монсеф Слауи, главен советник за вакцинацијата.