Рекорден број новозаразени во Словенија

Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани најголем број заразени со коронавирусот – 123, од вкупно 3.123 тестирања.

Во рекордниот ден по број на заразени, немаше починати, а хоспитализирани се 12 лица. Во болниците се наоѓаат 61 пациент. На интензивна нега се лекуваат 11 лица.

Во Словенија од почекот на пандемијата вкупно се заразени 3.945 лица, а починаа 135.

Последниот смртен случај е регистриран пред две недели.