Рекорден број новозаразени во Франција


 

Во Франција во последните 24 часа потврдени се 4.711 нови случаи со корона вирус, што е нов рекорд по укинувањето на карантинот во земјата.

Најголем број заразени во Франција е забележан на 31 март, кога имаше 7.578, но од тогаш само неколкупати дневниот број надминуваше 4.500м пренесе Ројтерс.

Стапката на заразени расте деновиве, но официјалните лица велт дека бројот на луѓе во болница и починати е стабилен.

Во полседните 24 часа битката со Ковид-19 ја изгубија 12 пациенти.