Рекорден број новозаразени во еден ден во САД-74.500


САД– Во последните 24 часа во САД се потврдени нови 74.500 случаи на коронавирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на пациенти сега е зголемен на повеќе од 3.570.000, пренесува Би-Би-Си.

Како што се наведува, зголемување на бројот на нови случаи е забележано во 30 американски сојузни држави.

Во последните 24 часа од вирусот починаа околу 1.000 луѓе или досега вкупно над 138.000.