Рекорден број новозаразени во Австрија


 

Во Австрија, во последните 24 часа, забележан е нов рекорд новозаразени уште од април, со 395 нови случаи со Ковид-19.

Тоа е најголем број новозаразени од 3 април, кога беа регистриани 416 нови случаи.

Само во Виена има регистрирани 203 новозаразени.

Во Австрија во моментот има 3.171 активно заболени, од кои 144 се во болница, а 30 се на интензивна нега.

Во изминатите 24 часа спроведени се 12.799 тестирања.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, кон крајот на февруари, 26.803 Австријци биле позитивни на тестот за корона вирус, а 22.866 се излечени.