Рекорден број новозаразени во Бугарија
Бугарија денеска потврди најголем дневен рекорд со 4.851 новозаразени со корона вирусот.
Во седуммилионската Бугарија, бројот на заразени досега изнесува 312.741 од почетокот на пандемијата.
Според податоците на здравствените власти, починале вкупно 12.307 пациенти од Ковид-19.