Рекорд во Бугарија, повеќе од 1.000 заразени за еден ден


 

Во Бугарија за еден ден потврдени се 1.024 новозаразени со корона вирусот, што е најголем дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Тестирани биле 4.406 примероци.

Денешниот биланс е за 629 повисок од претходниот ден, пренесе БТА.

Починаа 18 пациенти.

Бугарија се соочува со недостаток од медицински персонал, со оглед на тоа дека во моментот заразени се 1.622 лекари.

Кај нашиот сосед од почетокот на пандемијата заразени се 30.527 лица, а починаа 1.008 пациенти.