Рекорд на Ворен Бафет: Заработил 122 милијарди долари во готовина


САД– Компанијата „Беркшир Хатавеј“ на американскиот богаташ, инвеститор и филантроп Ворен Бафет до крајот на минатиот месец заработила рекордни 122 милијарди долари во готовина.

Тоа го успеал со купување на повеќе обврзници отколку што продал и го намалил нивниот откуп.

Бафет не потклекна пред американската берза, туку напротив, неговиот конгломерат продаде една милијарда повеќе резерви отколку што купил во последниот квартал, што воедно значи и најголема нето продажба од крајот на 2017 година.

Компанијата, исто така, откупила акции во вредност од 400 милиони долари, што е пад од 1,7 милијарди во првото тромесечие.

„Беркшир Хатавеј“ минатата година го зголеми уделот во компанијата Епл, чија вредност кон крајот на минатото тромесечие изнесувала повеќе од 50 милијарди долари. Неодамна го зголеми уделот и во Банка на Америка и тоа за шест отсто на 950 милиони акции, кои моментно имаат вредност од околу 28 милијарди долари.