Реконструкција на покривот и на подот на салата во ООУ „Владо Тасевски“ во Козле


Почнати се активности за реконструкцијата на покривот на училиштето „Владо Тасевски“, во населбата Козле во општина Карпош. Во оваа образовна установа целосно ќе се промени и подот во спортската сала, изјави денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Локалната самоуправа во текот на летниот распуст санираше дел од покривот на „Јан Амос Коменски“, како и неколку училници. Дополнително, најави Богоев, ќе се реконструираат и тоалетите во „Војдан Чернодрински“ и во „Аврам Писевски“.

Во „Братство“ претстои санација на покривот и промена на прозорците. Се уредуваат и неколку училници во „Христијан Тодоровски Карпош“. Исто така, ќе се санира покривот и ќе се променат прозориците во „Вера Циривири Трена“. Во „Димо Хаџи Димов“, во Влае, ќе се реконструираат тоалетите во спортската сала, информираше Богоев.

Дел од реконструкциите веќе се во тек. Ќе продолжат и на почетокот на учебната година, за време на викендите или по завршување на наставата, со што ќе нема никаков прекин на наставата, информира Општина Карпош.