Реконструирана е улицата „Боца Иванова“

Со бележење на сообраќајна сигнализација, во рекордно кратко време за само 20 дена заврши реконструкцијата на улицата „Боца Иванова“ во општина Бутел.

Оваа фреквентна сообраќајница е целосно реконструирана во должина од од 800 метри, на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“.

Град Скопје продолжува со градежната офанзива за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови и работа во ноќните часови со цел избегнување на сообраќајните гужви, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.