Река: За да живееме концепт на една Република за сите, треба да постои реална еднаквост


Кандидатот за претседател Блерим Река во придружба на лидерите на Алијанса на Албанците и „Беса“ вечерва одржа митинг пред жителите на Брвеница.
Во своето обраќање, Река рече дека неговиот концепт е за универзална Република за сите граѓани, за владеење на законот и правда за сите.
–  Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална, за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата, им порача Река на жителите на Брвеница.