Река: Очекувам гласови не само од Македонците, туку од сите граѓани


Сигурен сум дека ќе го поминам првиот круг. Очекувам гласови не само од Македонците, туку од сите граѓани, затоа што мојот концепт е „Република за сите“, рече кандидатот за претседател Блерим Река во интервју за МРТВ на албански јазик.

-Ако за вас што го поставувате прашањето, но и за сите граѓани, изгледа дека е невозможно да направиме менувања и деполитизација на судството, да ја ослободиме јавната администрација од доминантниот непотизам, ако мислите дека не може да се одржи Специјалното Обвинителство како гарант и како гардиан на законот тогаш џабе ни се претседателски избори но и парламентарни, истакна Река.

Тој ги истакна четирите критични точки, како што се: деполитизација на судството, департизирана и професионална јавна администрација, реформи во секторот на разузнавање и контраразузнавање и корупцијата, кои и Европската Унија и ги спомнала на Северна Македонија во јуни лани.

Река рече дека ако биде избран за претседател на државата, ќе покрене кривични процедури за сите граѓани без разлика на етничката припадност кои биле вклучени во некаква форма во корупција и тендерски скандали.

Прашан како ќе ја подобри застапеноста на Албанците и другите етникуми во претсетаделската канцеларија, рече дека ако си претседател на сите и  да имаш 97-98 отсто вработени од една национална припадност, не е само репрезентативно, туку не рефлектира ниту единство на нацијата.

Во врска со тоа зошто тогаш како амбасадор беше поддржан од ДУИ и сега тие не ја поддржуваат неговата претседателска кандидатура, Река изјави дека не е „авторизиран“ и дека не може да ја знае причината зошто не го поддржуваат и дека тоа е нивна политика.