Реисот префрлал пари од ИВЗ на неговиот син?


Скендер Буџаку, кој за себе вели дека е единствен легитимен поглавар на Исламската верска заедница, врз основа на судска одлука, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21  најави дека наредните денови ќе објави документи за злоупотребите на реисот Сулејман Реџепи. Според реакциите од спротивниот табор, причината за неговото разрешување е да се прикријат криминалите од неговото работење криејќи се зад некакви морализирања.

Буџаку во емисијата рече дека од сметка на ИВЗ кон синот на Реџепи исплатени се 20.000 евра, приложувајќи документи од банка.

Реџепи беше разрешен вчера на седница на Ријасетот на Исламската верска заедница во Гостивар.Повеќе од две третини од членовите на Ријасетот гласаа за разрешувањето според членовите 36 и 58 од Уствот на ИВЗ, но нема нформација за причините за оваа одлука. Грб на реисот му свртеа и тие што дотогаш го поддржуваа.

Според член 58 од Уставот на ИВЗ поглаварот може да биде разрешен ако е неуспешен во својата работа, поради здравствени причини, за непочитување на одлуките на Ријасетот, ако има пресуда за затворска казна, ако ја злоупотребил позицијата, ако неговата работа се коси со исламските принципи и норми.Но, во решението за разрешувањето на Реџепи не пишува точно зошто е тој разрешен.

Денеска најлогично ќе беше да даде отчет секој член на Ријасетот и оставка како последица на колапсот во оваа институција. Лицата кои ја уништија никако не можат да ја оздрават ИВЗ. Од правен аспект сѐ уште постои судски процес и доколку нема епилог не може да се прави таков исчекор, иако се гледа дека сѐ ова е диригирано од Сулејман Реџепи“, вели Бузаку за ТВ 21.

Разрешувањето на Реџепи дојде неколку дена по објавувањето на информацијата дека тој по вторпат се оженил, овојпат за 24 годишната Емине, која е 50 години помлада од него.