(ВИДЕО) По „седумката“ регистрирани уште 84 земјотреси во Турција и Грција


По земјотресот со интензитет од речиси седум степени по Рихтер, области во Турција и Грција се тресеа уште 84 пати, од кои 16 беа посилни од четири степени, јави Си-Ен-Ен Турк. Измир во Турција и островот Самос во Грција беа најпогодени.

https://twitter.com/i/status/1322159104593375233

Турските власти соопштија за најмалку 12 лица загинати, 70 биле спасени од урнатините и повеќе од 400 повредени. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините на 12 згради во Измир.

Тела на двајца тинејџери се пронајдени на грчкиот остров Самос.