Регистрирани само 39 нови случаи со Ковид-19, бројката на починати стигна до 600

Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на Kовид-19. Процентуално тоа значи дека позитивни биле 4,7 отсто од тестираните. Според градови распоредот е ваков:
– Скопје 7
– Куманово 3
– Прилеп 8
– Тетово 2
– Струга 2
– Гостивар 11
– Гевгелија 2
– Кочани 2
– Кратово 1
– Свети Николе 1
Починати се четири лица, двајца пациенти од Куманово (43 и 66), двајца од Скопје (71 и 77). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти:
– Скопје 6
– Штип 21
– Тетово 3
– Струга 1
– Битола 1
– Гостивар 6
– Гевгелија 1
– Кочани 2
– Пробиштип 1
– Виница 2
– Кичево 4
Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на Kовид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.330, бројката на оздравени пациенти е 11.062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.668.

Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во:- Скопје 7-…

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Недела, 30 август 2020

Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5.901, активни 854
  • Куманово 1.471, активни 378
  • Дебар 252, активни 84
  • Штип 1.134, активни 148
  • Прилеп 463, активни 115
  • Тетово 1210, активни 163
  • Струга 562, активни 60
  • Велес 270, активни 31
  • Битола 203, активни 39
  • Охрид 337, активни 34
  • Кавадарци 182, активни 80
  • Гостивар 789, активни 237
  • Гевгелија 51, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
  • Струмица 65, активни 21
  • Крива Паланка 46, активни 17
  • Радовиш 42, активни 6
  • Крушево 16, активни 0
  • Кочани 145, активни 29
  • Пробиштип 80, активни 14
  • Демир Хисар 60, активни 16
  • Македонски Брод 71, активни 18
  • Пехчево 18, активни 12
  • Берово 57, активни 48
  • Валандово 9, активни 2
  • Виница 70, активни 36
  • Делчево 59, активни 50 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 19, активни 4
  • Свети Николе 288, активни 64
  • Кичево 269, активни 66
  • Ресен 146, активни 0
  • Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 817 теста се преку: ИЈЗ – 196, ЦЈЗ Скопје – 0, Авицена – 148,  Биотек -178, МАНУ – 0 „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 0, „Систина“ со PCR метода -141, лабораторија Лаор – 92, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 49, Инфективна клиника – 0,  ГАК – 13, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на Ковид-19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови, вкупно се хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина е еден пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 108
  • Гази Баба – 102
  • Аеродром – 107
  • Карпош – 88
  • Центар – 81
  • Кисела Вода – 100
  • Ѓорче Петров – 55
  • Бутел – 66
  • Шуто Оризари – 32
  • Студеничани – 25
  • Сарај – 25
  • Арачиново – 15
  • Илинден – 14
  • Сопиште – 6
  • Чучер Сандево – 4
  • Петровец – 10
  • Зелениково – 3
  • Странец – 9
  • Нераспределен – 1.