Регистрирани 869 прекршоци за неносење заштитни маски


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 869 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид-19.