Регистрирани 13 нови случаи на ковид-19 во Грција, починаа уште две лица


Во изминатите 24 часа во Грција починаа две лица од Ковид-19, а регистрирани се 13 нови случаи, соопшти попладнево, шефот на експертската комисија за новиот коронавирус при Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас на редовната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според новите податоци, од почетокот на епидемијата вкупниот број на случаи се зголеми на 2.691, од кои активни се 1.167 случаи, а починаа вкупно 150 лица.

Приклучени на апарати, се лекуваат 32 лица, 85 биле отпуштени од Одделите за интензивна нега, а оздравеле 1.347 заразени.

Досега во Грција анализирани се 94.291.