Регистрирани 110 нови случаи на Ковид-19 и 42 оздравени пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 894 тестови регистрирани се 110 нови случаи на Ковид-19, од кои 18 реинфекции, како и 42 оздравени пациенти. Во истиот период нема регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство информира.
Од новорегистрираните 110 случаи на Ковид-19 од Скопје се 72, Битола 8, Куманово 6, Кавадарци, Штип и Неготино по 4, Кочани 3, Прилеп и Гостивар по 2 и Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци по 1.
Меѓу регистрираните 42 оздравени пациенти од Скопје се 34, Кочани и Охрид по 2 и Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија по 1.
Направени се 894 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-28, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-31, Институт за микробиологија–55, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-26, Биотек-23, Систина-35, лабораторија Лаор-8, Синлаб-34, Ремедика-9, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-3, Ели МедикаПлус-9, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 326.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.