Регистриран 21 нов случај со Ковид-19, починаа двајца пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај со Ковид-19 и 71 оздравен пациент. Од 21 новозаболен, кај петмина се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата, кои починале во домашни услови, се регистрирани како починати во периодот од 29.04. до 01.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Од 21 новозаболен од Скопје се 9, Битола 5, Кавадарци и Охрид по 2 и Штип, Кичево и Делчево по 1. Од 71 оздравен пациент од Битола се 21, Скопје 16, Кавадарци и Охрид по 7, Кичево 5, Прилеп и Берово по 4, Куманово 2 и Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија по 1.
Направени се 773 тестови преку: ИЈЗ-87, ЦЈЗ Куманово-4, Судска медицина-1, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-22, Биотек-26, Систина-20, лабораторија Лаор-23, Плодност-12, Никоб Лаб-114, ВФВ Медикал-24, Ели Медика Плус-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–4 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 400.
Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а на активни случаи изнесува 572.