Регионална работилница за напредна фотографија во Загреб


Со наслов „Фотософија“ во Загреб од 10 до 16 јуни годинава ќе се одржи шестдневен семинар и работилница за напредна фотографија. Работилницата ќе биде под водство на фотографот Дамир Хојк, а ќе се одржува во Галеријата на Археолошкиот музеј. Сите заинтересирани фотографи ќе може да учат и разменат мислење за како да се изработи добар портрет или модна, рекламна и уметничка фотографија.
Се очекуваат да присуствуваат над 200 фотографи.

Почесен гостин на семинарот ќе биде Белгиецот Серж Леблон, кој важи за светски познат моден фотограф. Тој ќе одржи и предавање на кое ќе го пренесе своето искуство од работата за магазинот „Вог“, „Харперс базар“, како и работењето за модните куќи Кензо и Соња Ракел. Леблон е познат и како добар портретист, а неговите најдобри портрети ги направил со Џилиен Мур, Даниел Редклиф, Шарлот Ремплинг, Лили Ален, Мајкл Китон и други. Влезот на предавањето во Галеријата на Археолошки музеј ќе биде бесплатен.
Еден од најинтересните предизвици за учесниците на „Фотософија“ е фотографирањето на портрети на познати личности. Таа пракса ќе се одржува и годинава, а изминатите сезони како модели се појавуваа Зоран Предин, Давор Гобац, Рене Биторањац, Миле Кекин, Горан Гргиќ, Срѓан Гојковиќ – Гиле и други.

Пријавувањето за учество e до 15 мај, а за сите детали може да се информирате на www.fotosofia.info