Реџепи: Мицкоски може само да сонува за коалиција со Беса


Потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, денеска на својот Фејсбук профил напиша дека се убедени во победа на 15 јули, а коалицијата „Можеме“ е концепт на напредок, развој и заложба за обезбедување подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија.

„Слушнав дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не ја исклучува Беса како опција за формирање коалиција после изборите. Прво, ВМРО-ДПМНЕ со овој менталитет може само да сонува дека може да има мандат за формирање влада. Едноставно е истата реторика како оние што гледаат ‘соништа’, бидејќи единствените партии кои не се менуваат во концепт и дејствување се поранешниот режим ВМРО-ДУИ и тие се единствените што можат да формираат коалиција, но овој пат во опозиција“, пишува Реџепи на Фејсбук.

Движењето Беса, како што наведува, е убедено во победата на 15 јули, обезбедувајќи целосен мандат и оставајќи го претходниот режим во опозиција.

„Коалицијата ‘Можеме’ е концепт на напредок, развој и заложба за обезбедување подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија“, пишува Реџепи на Фејсбук.