Редок феномен – порамнување на пет планети


 

Вљубениците во ѕвзденото небо овој месец имаат ретка прилика да видат порамнување на дури пет планети. Порамнување или конјункција на вселенските тела се опишува како привидна близина, ако ги набљудуваме од Земјата, па изгледа дека тие се многу блиску.

ранобудните во јуни ќе можат на небото да ги видат Меркур, Венера, марс, Јупитер и Сатурн. Сите ќе бидат видливи пред Меркур да исчезне во блескотот на Сонцето што излегува.

Не е невообичаено да се видат две или три планети близу една до друга, но сите пет видливи со голо око последен пат беа во јануари 2004 година.

„Ова е навистина одлична прилика. Веќе знаеме дека околу другите ѕвезди кружат планети, а ова е ретка прилика истовремено да набљудуваме толку „наши“ со голо око“, вели Бети Нилар научник од Институтот за астрономија на Универзитетот Единбург, пренесе „Гардијан“.

Излегуваат во утринските часови

Најлесно ќе ги видиме Венера и Јупитер. Венера ќе се појави над хоризонтот околу 5 часот наутро, а марс и јупитер околу 3.45 часот. Сатурн се издига околу 2.30, а Меркур ќе биде најтешко да се воочи затоа што се издига околу 5.30 часот, но бидејќи Сонцето почнува да изгрева, тој е слабо видлив.

Единствена прилика да ги видите сите пет планети во исто време е многу кус период пред изгрејсонце.

На 24 јуни на планетите ќе им се придружии полумесечина, која ќе се смести меѓу Венера и Марс. Оние кои сакаат да го видат овој редок феномен, а не знаат како да ги препознаат планетите на ноќното небо може да ги посетат веб-страниците како Stellarium, кои ги прикажуваат каде точно се наоѓаат небесните тела спрема позицијата на која се наоѓате.

„Не ви треба телескоп или двоглед ако немате, само уживајте во глетката од каде може, дури и ако не можете да ги видите сите пет планети“, вели Саманта Ролфе од Универзитетот Хардфордшир.

Дали порамнувањето на планетите е опасно?

Често може да прочитаме дека ваков феномен, затоа што е редок, може да значи нешто, негативно или позитивно, во однос на нашиот живот.

Но, некои ќе се запрашаат што може да ни се случи ако планетите се порамнат.
Одговорот, секако, е ништо.

Иако во текот на таквиот феномен се чини дека небеските тела се близу едно со друго, тоа е само привидение кое го ствара дводимензионалниот поглед на весената. Во стварноста планетите и понатаму се далеку една од друга, како и претходно. Единствено нам од Земјата ќе ни се чини дека стојат многу блиску, затоа што нашето око не може да ја регистрира длабочината на вселената.

Заради тоа привидение ќе изгледа дека на мал дел од небото се нанижале повеќе планети, додека во стварноста тие се многу далеку една од друга.

Не е ни чудо што во дамнешното минато, кога немало телескопи и кога астрономијата како наука била во повои, луѓето верувале дека порамнувањето на планетите укажува ма некој судбоносен настан. Се работи за редок феномен и логично е древните цивилизации, кои немале увид во вистинската природа на планетите, да сметаат дека тоа има некое посебно значење.