Речиси цело Скопје немаше струја поради дефект на голема трафостаница


Темните улици на Скопје ( Фото. Б. Грданоски)

 

Попладнево во Скопје снема струја во речиси целиот град. Прекинот траеше околу половина часа со тоа што струјата на неколку пати доаѓаше и ја снемуваше. Струја немаше во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров…

Очигледно се работеше за голем дефект, иако од ЕВН засега немаше официјални информации зошто дошло до прекинот.

Подоцна од МЕПСО преку МИА информираа причина за прекинот е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА. Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.

Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

Телефонските линии беа прилично несигурни.

Од неколку компании за одржување лифтови ни рекоа дека е настанат огромен проблем. Сите нивни екипи се растрчани по зградите каде што имало многу граѓани заглавени во лифтовите. Некои се ослободиле кога дојде струјата, но некаде ќе треба стручна помош. 

Фото: Б. Грданоски