Речиси 800 лица казнети за неносење маски


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 749 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Освен контролата за неносењето маски, Владата ја зајакна и сообраќајната контрол. Од СДСМ порачаа дека  нинев врвен е борбата против криминалот, корупцијата и  безбедноста на граѓаните, односно ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

-Владата предводена од СДСМ и институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, на обезбедување ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

Јавноста е сведок на секојдневни акции на Министерството за внатрешни работи против прекршување на законите, за пронаоѓање лица во бегство од издржување казна затвор, на откривање економски криминал, како и на борба против трговија со дрога и психотропни супстанци.

Деновиве преку професионална, одлучна акција припандници на МВР спречија влез на 252 мигранти, при што во истата акција сузбиена беше 12 члена организирана криминална група.

Во последниот период засилена е контролата на сообраќајни прекршоци, а припадниците на полицијата активно работат и на санкционирање на прекршителите на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, стои во соопштението на владеечката партија.