Речиси 8.000 новозаразени во Србија, починаа 26 пациенти


Корона вирусот во Србија е потврден кај 7.723 луѓе во последните 24 часа, а во исто време, 26 пациенти починале како последица од овој вирус.

Тестирани се 27.927 луѓе. На респиратор се приклучени 156 пациенти.

Најмногу новозаболени се во Белград, 1.728. Следуваат Нови Сад со 445, Крагуевац со 308 и НИш со 302 заболени.