Речиси 300 заразени работници во фабрика која произведува сендвичи за „Маркс енд Спенсер“

Англија– Речиси 300 вработени во британска фабрика која произведува сендвичи за трговскиот синџир „Маркс енд Спенсер“ се позитивни на Ковид-19.

Фабриката „Гринкор“ од Нортемптон, каде се вработени 2.100 луѓе соопшти дека дел од работниците се во самоизолација.

„Гринкор“ наведе дека 79 работници биле позитивни на Ковид-19, поради што компанијата вовела приватна програма за тестирање, при што се откриени уште 213 слуачи односно вкупни 292.