Речиси 3.000.000 домаќинства во САД останаа без струја


 

Ураганот Исаја кој сега е прогласен за тропска бура, усмрти најмалку четворица на својот пат по должина на источниот брег на САД.

Исто така, остави 2,8 милиони куќи без електрична енергија, јави Ројтерс.

Повеќе од 220 илјади луѓе останаа без електрична енергија и во државата Масачусетс.

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер изјави дека разговарал со претседателот Доналд Трамп кој ветил помош за санација на штетите.

Бурата направи огромни штети на својот пат од Флорида, преку атланскиот брег на САД, преку Јужна и Северна Каролина, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Масачусетс и Њу Ингланд, пренесе Си-ен-ен.

Бурата стигна и до канадската држава Квебек, односно до Монтреал со ветрови со брзина од 75 километри на час, соопшти Националниот центар за следење урагани од Мајами.