Речиси 200 новозаразени во Бугарија

 

Во последните 24 часа во Бугарија регистрирани се 195 нови случаи, а починаа седуммина.

Активни се 5.837 случаи, соопшти бугарското Министерство за здравство.

ТАС јави дека вкупниот досега потврден борј случаи е 13.209.

Меѓу нив се и 745 медицински работници. Оздравеа 7.622, 857 се во болница, а 55 на интензивна нега.

Во изминатото деноноќие починаа уште седум пациенти, а вкупниот број починати се искачи на 442.