Речиси 2.500 новозаболени во Србија, починаа 16


 

Според последните податоци во Србија регистрирани се 2.467 новозаразени со корона вирус, а починаа 16 пациенти.

Тестирани биле 13.063 примероци, а од почетокот на епидемијата 2.797.273.

Во моментот во болница се лекуваат 3.451 пациенти, од кои 142 се на респиратор.

Во Србија досега од Ковид-19 починаа 4.277 лица, а стапката на смертност изнесува 1 отсто.