Речиси 10.000 новозаболени од Ковид 19 во САД за еден ден


Милиони Американци ќе бидат заразени со Ковид-19, а бројот на смртни случаи може достигне меѓу 100.000 и 200.000 луѓе, изјави инфектологот Антони Фаучи, советник на американскиот претседател Доналд Трамп

Во САД за едно деноноќие бројот на новозаразени од коронавирус се зголемил за 9.339 лица, соопштија денеска волонтерите од „Ворлдометерс“, а во големите градови како Њујорк, Чикаго, Лас Вегас и Лос Анџелес е воведен карантин и нивните улици и плоштади опустеа.

Како што се соопштува, од новозаразените, 117 лице починале, додека во цела Америка вкупниот број на починати е 419 луѓе.

Досега, забележани случаи на инфекции во САД се кај 35.121 лицe. Со тоа, во последните 24 часа порастот на заболувањата е над 35 посто. Моментално, Америка е на трета место по број на заболени од Ковид-19, после Италија и Кина.

Првиот случај на короnавирус во САД беше регистриран при крајот на јануари. Пандемијата се прoшири мошне бргу.

Во големите градови како Њујорк, Чикаго, Лас Вегас и Лос Анџелес е воведен карантин, и властите советуваат граѓаните да останат дома. На американсkата телевизија се прикажуваат сцени од пустите улици и плоштади во овие мегаполиси.

Поради вирусот, пусто е на Тајмс сквер во Њујорк, на стрипот во Лас Вегас, една од главните туристички атракции за милиони Американци, нема туристи и шетачи, празни се улиците и крајбрежните шеталишта и кејови во Лос Анџѓелес и Чикаго.