„Ребека“ отвара нова продавница во Ист гејт мол-италијанскиот накит е уште полуксузен (Каролина веќе знае!)


Уникатниот италијански накит „Ребека“ по четири години на македонскиот пазар, в петок (на 29 октомври) ја отвара втората продавница. По Рамстор мол- во новоотворениот трговски центар Ист гејт мол.

На површина од педесет метри квадратни, „Ребека“ ќе продолжи да ја раскажува омилената приказна на женскиот пол во Скопје и во регионот, и ќе очекува подарок во луксузно спакуваната кутија за накит со панделка – од машкиот пол. Префинет, а нежен на допир накит, изработен со најнови технологии, во стилот на италијанското благородништво од Фиренца, со колекции  кои се совршена комбинација на гламур и урбана класика: храбри класични синџири комбинирани со барокни бисери, сребрена срма со топчиња со кристали или со дијамантски прав – сите неконвенционални, но нагласено трендовски и доста барани.

Прва ги  почувствува на своја кожа поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин која летово, како заштитно лице на брендот, ја снимаше последната кампања за „Ребека“.

Новитет за новиот продажен салон во Ист гејт мол се поексклузивните колекции со злато и дијаманти, ни откри сопственичката и менаџер Ива Милошевска, дипломиран комуниколог и пиар експерт на универзитетот во Рим.

„Ребека“ е иноватор во областа на индустријата за накит, со мрежа од над 1500 продажни места низ светот.

-Брендот „Ребека“ е постојано присутен во медиумите, а во Италија има рекордна застапеност во однос на конкуренцијата. Стратегијата се заснова на интернационални кампањи со водечки агенции, а накитот го имаат носено планетарно познати јавни личности како Бијонсе, Ријана, Линдзи Лохан, Ева Мендез, Пинк, Бар Рафаели и многу други. Една од поновите колекции, Moscow, која припаѓа на повисоката селектива, многу често се користи во стилизирањето кај врвни модни магазини во Италија. Парче од оваа колекција носеше Ирина Шајк. Согласно корпоративните правила на „Ребека“, ретко се користат класични рекламни кампањи и акцентот е ставен на дигиталните канали на комуникација каков што е случајот и кај нас, ни изјави Милошевска. (Л.С.)