Реализирана програмата за дигитализација на 60 бизниси раководени од Роми


Иницијативата за Економски развој на Ромите (РЕДИ) во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (СЕП), Стартап Македонија, Бизнис Импакт Лаб, E-комерц Македонија, E-комерц Србија и Сферик Акселератор Романија, ја реализираше првата е-акцелераторска програма „Рома Диџитал Буст“ („Roma Digital Boost“).

Цел на програмата е пренесување на знаење и вештини на 60 бизниси, раководени од Роми за нивна трансформација од традиционален бизнис во дигитален бизнис и да обезбедување финансиска поддршка во форма на парична награда, менторство еден на еден, поддршка за туторство и решенија за е-трговија на најперспективните воспоставени дигитални бизниси.

Преку програмата „Рома Диџитал Буст“, на онлајн платформата Зум, 60 бизниси раководени од Роми од Романија, Северна Македонија и Србија учествуваа во онлајн модули за бизнис моделирање и дигитална транформација, импакт и менаџирање, маркетинг, е-трговија и презентирање на бизнис идеја.

На крај од програмата, 28 финалисти онлајн ги презентираа своите бизнис модели пред жири комисијата.

Фериде Бекири е победничка од нашата земја, која освои 5.000 евра награден пакет (грант и индивидуално менторство). Фериде е жена Ромка претприемач со над 25-годишно искуство во трговија со облека. Таа има деловен бизнис со трговија што беше затворен за време на кризата со Ковид-19. Со искуство и знаење од програмата на „Рома Диџитал Буст“, Фердие успеа да го развие својот бизнис онлајн.

Освен трите победнички од трите земји што учествуваа и останатите 25 финалисти добија различен сет на пакет услуги за развој на своите бизнис модели.

Вкупниот износ на награди доделени за оваа програма е 25.000 евра. Програмата е финансирана од Фондот на Отворено Општество Ковид Пулед Фонд.